Во касерола ставете го млекото да се загрее.
Додајте го чоколадото и мешајте додека се растопи.

Откако чоколадото ќе се растопи додајте го путерот, овесните снегулки и сецканите бадеми.

Измешајте убаво.

Истурете ја смесата во силиконски калап или обичен калап обложен со најлонска фолија.

Оставете да отстои неколку часа во фрижидер.

Потоа може да сечете форми по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани