Еве една интересна идеа како од тесто да дојдете до овие прекасни и превкусни пеперутки. Лесни и едноставни за подготовка, а изгледаат толку интересни што сите ќе ги изненадите. Доколку некогаш вашите деца или внуци ви побраат чоколадни кифлички или пак вие сакате да ги изненадите навистина ќе успеете со овие пеперутки. Посебно со овој рецепт сакам да ги поздравам и моите 3 братучетки со кои не оставивме ниту една од пеперутките во рок од 10 минути   
Подготовка
1. Во еден сад ставете 450 гр брашно. Додајте го шеќерот и квасецот и промешајте, па додајте го јајцето и маслото. Во садот пополека додавајте од млакото млеко и замесете средно меко тесто. Тестото оставте го да стаса 30 минути.
2. Стасанато тесто размесете го малку и делете го на 9 дела. Секој дел расучете го во кружна форма но да не бидат многу тенки расучени. Расучените колачиња премачкајте ги со чоколаден крем, па роловајте ги во ролат (сите одделно). Краевите на ролатчињата превиткајте ги и ставете ги под ролатот (за појасно погледниете ги дополнителните фотографии).
Краевите исечете ги со нож, но внимавајте средината од ролатчето да остане некаде 1,5 – 2 см. Пресечените краеви превиткајте ги така што да ги добиете крилјата на пеперутката.
3. Така подготвените пеперутки ставете ги во еден плех претходно обложен со мрсна хартија и печете 20-тина минути на температура од 230 С. Откако ќе се испечат оставете ги малку да оладат па сервирајте. Добар апетит.

Забелешка
По желба тестото може да го поделите и на повеќе колачиња. Доколку сакате пеперутките да не бидат крцкави откако ќе се испечат прекријте ги со крпа и оставете така да оладат, па ќе бидат меки. Ние откако се испекоа не дочекавме да се оладат и затоа не оставивме ниту една хехехе   .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани