Во вангличка ги соединуваме состојките за палачинки.
Оставаме да одмори тестото 5 минути, па ги пржиме на стандарден начин.
За ганашот на тивок оган ја загреваме слатката павлака, го ставаме чоколадото и убаво ја изедначуваме смесата.
Оставаме да се излади, а потоа кратко ја матиме со миксер, значи да не добиеме многу цврст крем, туку да биде покремасто, средно матено.
На секоја палачинка прво ставме по малку еуро крем, по 2-3 лажици ганаш, па малини и ја завиткуваме палачинката.
Ги редиме на тајнир за послужување, попрскуваме со растопена чоколада и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани