Кога си вонрестрикција во хрононутриција, на уживањето му нема крај. Постојано си смислувам комбинации за вкусни ужинки, бидејќи тоа ми стана омилениот дел од денот.
Според дозволените состојки за користење за време на ужинка, односно овошје, суво овошје и растителни масти, склопив уште еден превкусен десерт.

1. Прво почнуваме со мусот. На тивок оган загреваме слатка павлака, која вкусшност е растителен производ и темно чоколадо. Ганажот го оставаме да се олади.
2. Во меѓувреме, во блендер или сецко ги мелеме бадемите. Ако сакате може дел да оставите да ви бидат кршени.
3. Бадемите ги мешаме со останатите суво состојки, а темното чоколадо, заедно со какаото го топиме и мешаме на пареа. Прелеваме врз сувите состојки и мешаме убаво да се соединат. Ако не ви е доволно влажна смесата, додадете топла вода. Се зависи од сувоста на бадемот.
4. Убаво измесете ја смесата и ставете ја во длабока тава. Јас користев стоне легент сет за печење. Смесата распределете ја рамномерно, со помош на округла чаша, поминете низ смесата за да убаво израмните.
5. Матиме 200 мл слатка павлака, со неколку капки лимонов сок. Кон пенастата смеса, додаваме изладен ганаж, кој предходно го подготвивме. Убаво изматете ја смесата со миксер и ќе добиете прекрасен мус крем.
6. Кремот распределете го низ основата и ставете во замрзнувач убаво да се олади.
7. На крај подгответе ганаж, со топење на пареа на чоколадото, заедно со слатката павлака, без да проврие. Прелијте врз мус кремот, оставете убаво да се олади и исечете на коцки по ваш избор за големина.

Уживајте во овој вкусен десерт и ако не сте на хроно. Ако сакате наместо 300 гр бадеми, можете да ставите 150 гр бисквити и 150 гр бадеми и сл. сооднос.
Јас во смесата за осново додадов и цимет како зачин кој даде прекрасно надополнување на чоколадниот вкус.
Можете дополнително да ставите кора од портокал во основата и да додадете сок од портокал, наместо вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови