Ги матиме јајцата со шеќерот додека добијат нежно жолта боја и шеќерот е стопен. Чоколадото го топиме, со млекото и путерот и го додаваме во смесата.
Потоа ги додаваме течните, па сувите состојки и матиме додека смесата се соедини.
Ја загреваме рерната на 180 степени и печеме во калапи за мафини 15 минути. Мерката за 1 мафин мене ми беше 1 лажица за сладолед, вака излегоа 30 мафини.
Кремот се подготвува, така што во путерот кој треба да е на собна температура, го додаваме шеќерот, ванилата и матиме 10 минути да се соедини убаво смесата. Потоа млекото полека го додаваме и матиме, додека добиеме убава кремава смеса.
Декорираме по желба

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови