Ова е еден многу вкусен чоколаден колач, кој се прави многу брзо и лесно и е за сите љубители на екстра чоколадни вкусови.

1. Се двојат белките од жолчките. Жолчките се матат со миксер, заедно со шеќерот.
2. Во длабок сад се топат маргатинот и чоколадото. Во тенок низ пополека се додаваат во жолчките и шеќерот, со постојано матење.
3. Брашното и пецивото се додаваат кон течната смеса и се промешува со шпатула.
4. Белките се матат лесно со жица за матење и се додаваат во тестото, промешувајќи лесно, за да остане тестото воздушесто.
5. Се пече на 180 степени, околу 20 мин. Јас печев во стоун леџенд сетот за печење.
6. Додека се пече тестото, се подготвува ганажот. Многу едноставно, во длабок сад се става слатката павлака и чоколадото искршено на коцки, да се стои и спои. Постојано се меша за да не зоврие смесата.
7. Топлото печено тесто се боцка со вилушка низ целата површина. Топлиот ганаж се прелева врз тестото и се остава да се олади.
*Може во ганажот да ставите и 1 чашка рум или екстракт од рум.
8. Изладениот колач пресечето го на коцки, со големина по ваш избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови