Крцкаво-чоколадна комбинација која ни се допадна на сите, а и како нема да ни се допадне, бадеми, чоколадо, нема брашно....слаткотија...

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени да се загрее.
2. Ги двоиме белките од жолчките. Жолчките ги матиме со 65 гр шеќер и ванила шеќер додека смесата стане посветла. Го додаваме какаото.
3. Белките ги матиме со остатокот од шеќерот да се направат како снег, па ги додаваме во жолчките. Додаваме 150 гр од мелените бадеми и со шпатула мешаме постепено да ни остане смесата воздушеста.
3. Во тавче на хартија за печење која ја намрсуваме ја распоредуваме целата смеса и со остатокот од бадемите ја попрскуваме одозгора. Печеме околу 20 минути.
4. Бисквитот го ладиме, а за тоа време додека се печеше го подготвуваме филот.
5. Чоколадата ја кршиме на коцки и ја топиме на пареа или на најниска температура на рингла.
6. Слатката павлака ја матиме заедно со шеќерот во прав.
7. Соединете ги чоколадото, слатката павлака и румот.
8. Бадем бисквитот го сечкаме на коцки со посакувана големина. Ги филуваме со чоколадниот крем со помош на шприц и ги соединуваме.

Забелешка
Кога ќе ја матиме слатката павлака внимаваме да не ја прематиме, затоа што заедно со чоколадото повторно ќе ја матиме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани