Предобри се, одлични!
Сигурна сум и тврдам, зашто овие екстра лесни колачи ги дегустираа деца и нема да се излажете ако им подготвите и на вашите најмлади, зошто да не и како еден вид слатка ужинка за во училиште.
Не се многу слатки, а сепак имаат одличен чоколаден вкус. Топло ги препорачувам!
Чашата што ја користев е од 200 мл.
1. Измешајте ги сите суви состојки во подлабок сад.
2. Путерот и млекото ставете ги во длабока чинија, а потоа и во микробранова печка на 1 минута за да се загреат (путерот да се стопи).
3. Течноста додадете ја во сувата мешавина.
4. Добро измешајте ги сите состојки за да добиете еднолична смеса.
5. Ако смесата е леплива, додадете уште малку брашно за да може да замесите нелепливо меко тесто.
6. Тестото расукајте го врз набрашнета работна површина и со калап по желба извадете форми за колачите.
7. Наредете ги во плех обложен со пек хартија и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна околу 20 минути на 180 степени.
8. Печени се кога добро ќе нараснат и благо ќе се стврднат.
9. Оставете ги да се изладат.
10. За тоа време се спрема глазура.
11. Се мешаат шеќерот и какаото, се додава млекото и на тивок оган или над пареа се става да се соедини.
12. Потоа се додаваат путер и чоколадо и кога смесата ќе згусне – глазурата е готова.
13. Нека се излади малку, а потоа секое колаче се глазира.
14. Откако добро ќе се стегне глазурата, колачите се готови за послужување. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови