Како мој прв рецепт сакам да ви ги представам овие крцкави и вкусни кукис, кои што не одземат многу време за подготовка, а омилени им се на сите.

Овие состојки се за за 20 малечки кукис, но јас секогаш ја дуплирам смесата.

Подготовка

Најпрво путерот го топиме во микробранова, потоа чоколадото за готвење го сецкаме на мали коцкички.
Брашното, шеќерот и пецивото ги ставаме заедно во еден сад, на средина правиме круг и го кршиме јајцето, го додаваме растопениот путер, со вилушка ја изедначуваме смесата или пак со рака како ви е полесно и на крај го додаваме чоколадото и повторно ја изедначуваме смесата.
Од изедначената смеса, правиме форма јас правам форма со виљушка, не со рака, земате од смесата, ставате на хартијата за печење и правите форма.
Се печат на 175 степени, од прилика 12-15 мин зависи од јачината на рерната.

Напомена

Кога ќе ги извадете колачињата од печење се меки и изгледат како непечени, треба да ги оставите да се оладат, за да ја добиат крцкавоста.
Ви препорачувам да користите путер, ги имам побано и со маргарин, но го немат истиот вкус.

Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани