Пандишпан
За долниот дел печеме 3 пандишпани по 6 јајца, 6 лажици шеќер, 5 лажици брашно и 1 лажица какао.
За горниот помалиот дел 3 пандишпани по 3 јајца, 3 лажици шеќер, 2 лажици брашно и 1 лажица какао.
Готовите пандишпани ги оставаме да се оладат.

Фил
Голем дел од млекото ставаме да зоврие. Во останатиот дел ставаме 5 пудинзи и 15 лажици шеќер. Мешаме и истураме во зовриеното млеко и вариме додека не загусне.
Во варениот пудинг додадете чоколадо за готвење да се стопи и оставете да олади.
400 путер измешајте со шеќер во прав и додадете го оладениот пудинг.
Овошјето исецкајте го на коцки. Јас имав праски, јагоди, малини, рибизли, капини и вишни.
Додадете ги во филот и  се убаво промешајте, а потоа филувајте ја тортата.
Филуваната торта ставете ја во фриждер да се стегне. Украсете со изматен шлаг и овошје.

Оваа торта јас правев за роденденот на ќерка ми.
Тортата е лесна и вкусна пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани