Палачинките ми се едно од омилените јадења и решив овојпат чоколадна варијанта. Па вака почнува подготовката.
Смесата за палачинки ја правиме и во неа дадаваме 2 лажици какао.
Мене ми излегоа 8-9 палачинки, доволно за оваа тортичка.
Во меѓувреме го правиме чоколадниот крем фил.
Авокадото, кремот и млекото се блендираат.
Потоа филот се мачка врз готовите палачинки, притоа се ренда бело и црно чоколадо.
Палачинките ги превиткував еднаш од секоја страна и излегуваат како правоаголник, Потоа врз нив уште лажица од крем филот.
Се редат и излегува правоаголна форма.
Потоа го правите филот за премачкување со чоколаден шлаг крем. Чоколадниот шлаг го матев до 200мл ладно млеко.
На крај се украсува со ренадоно чоколадо, малини или друго овошје.
Се става во фрижидер еден час убаво да се стегне.

Таман за жешки вечери.
Епа на здравје нека ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани