Ова е еден декоративен и многу вкусен чоколаден чизкејк комбиниран со јагоди и слаткарски крем од ванила.

Подготовка
1. Најпрво раздвојте ги сендвич колачињата. Белиот фил во средината ставете го во посебен сад и тој ќе ви послужи за чоколадниот дел од чизкејкот.
2. Потоа иситнете ги колачињата за да добиете трошки и измешајте ги со путерот. Смесата убаво втиснете ја во округол сад за печење со пречник 18 см. и ставете да се пече на 160Ц 10 мин.
3. За тоа време во садот со белиот фил од колачињата, додадете го крем сирењето и шеќерот и изматете со миксер само да се соединат.
4. Додадете го какаото, растопеното чоколадо, јајцата едно по едно, ванила и по вкус ликерот од чоколадо. Не е потребно да матите многу, доволно е само да се поврзат состојките.
5. Смесата ставете ја врз испечената и изладена подлога од колачиња и ставете повторно да се пече на 160Ц 30-40 мин.
6. Испечениот колач оставете го убаво да се олади и потоа пренесете го на подлога, а околу него ставете обрач за торта.
7. Од вкупната грамажа на јагоди одземете 200 гр. исецкајте ги, додадете им шеќер и половина од лимоновиот сок и ставете ги на оган 5-6 мин само да се растопи шеќерот. Добиената смеса испасирајте ја и поминете ја преку ситна цедалка. Желатинот растворете го согласно упатството на пакетчето и додадете го во топлата смеса од јагоди. Измешајте убаво и вратете ја смесата на оган уште 2-3 мин. додека желатинот да се растопи.
8. Остатокот од 500 гр. јагоди исечете го на резанки и покапете го со сок од половина лимон. Додадете ја смесата од пире и желатин. Измешајте убаво, треба да имате течност до врвот на јагодите.Во овој момент во зависнот од тоа колку ви се водести јагодите, ке процените дали треба да додадете допонително вода (отприлика 50-100мл) или не.
9. Кога ќе се подолади смесата и ќе почне да се згуснува внимателно ставете ја врз испечениот колач. Најпрвин малку јагоди со течност и ќе го ставите калапот во фрижидер. Кога добро ќе се олади и стегне внимателно ќе ги ставите и остатокот од јагодите.
10. Колачот ќе го оставите во фрижидер да се олади и убаво да се стегне желатинот(3-4ч минимум) и потоа може да го извадите прстенот и да го украсите по желба.
11. Кај мене е украсено со слаткарски крем. Рецептот за негова подготовка го имате на следниот линк, а ќе ви биде потребна половина од дозата во рецептот.
*место слаткарски крем колачот можете да украсите со изматена слатка павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани