Многу едноставно, брзо и мнооогууу вкусно.
Слатката павлака ја матиме со миксер.
Чоколадото го топиме на пареа со маслото или во микро. Ставете го 30тина секунди на медиум, извадете го промешајте и пак повторете додека се стопи убаво.
Додадете го во слатката павлака и уште еднаш изматете со миксерот да се соедини.
Готов е !
Ставете го во пластични садови и во замрзнувач неколку часа.

Напомена.
Јас користев 300 грама млечно и 100 гр чоколадо за готвење. Може да се направи и само со чоколадо за готвење, но млечното му дава поубав вкус.
 300 грама се доволни, меѓутоа дома сакаа да е ПОЧОКОЛАДЕН и затоа ставив 400 грама.

Преубав е, обавезно да го пробате.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови