Ми се јаде благоооо! Мамооо, има ли нешто благо!
И на вас ли вака ви велат ? А научени на домашно подготвено...

Е па некој пат има, некој пат нема, ама најчесто кога треба нешто набрзина да се направи излегува повкусно од планираното. Повелете на рум чоколадно задоволство од мојата кујна. Мора да е чоколадно, за да се задоволи желбата за благо!

Подготовка
1. Путерот заедно со шеќерот и јајцата се мати со миксер до соединување. Се додаваат какаото, прашокот за пудинг, пецивото, брашното, млекото, солта и румот. Се соединува целата смеса со миксер. Ги додаваме ренданото чоколадо или чоколадните капки. Промешуваме со лажица.
2. Ја истураме во калап бр. 20 намачкан со путер и побрашнет. Печеме на 180 степени во загреана рерна околу 25 минути.
3. Ја вадиме тортата од калап која ни е малку изладена. Откако сосема ќе излади ја сечеме на половина. Ја премачкуваме со џем од јагоди, па ја поклопуваме со вториот дел.
4. За преливот на сосема ниска температура ги топиме путерот и чоколадото. Откако ќе се растопат и соединат го додаваме румот. Соединуваме и тргаме на страна за да подизлади, за да не биде многу течен, за да може да се задржи на површината од колачот.
5. Го прелеваме колачот, а на крај украсуваме со малини, јагоди или некое друго овошје кое може да биде и кандирано.

Забелешка
Џемот од јагоди и дава сочност и посебна краситост. Може, ама и не мора да го ставате. Јас имав некоја лажичка останат во теглата и реков вака ќе го искористам.
Немав ни доволно чоколадни капки па направив комбинација, ставив и од нив и сечкано чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани