Овој ролат го обожавам, баба ми често ни го подготвуваше со домашен мармалад и го обожувавме со топло млеко.
Па затоа решив малку да го изменам за љубителите на чоколадото и излезе одлично.
Ги матиме пенесто јајцата додека ја дуплираат својата големина, најдобро е јајцата да се на собна температура за ова побрзо да оди.
Потоа постепено го додаваме шеќерот матејки со миксер, додека целосно се стопи шеќерот. На крај го додаваме брашното измешано со какао.
Печеме во загреана рерна на 180 степени, најдобро во тавата од самата рерна, обложена со хартија за печење. Доколку немате ваква тава, најдобро е во најголемата која ја собира во рерна за што потенок ролат.
Печењето е 15тина минути.
Филот е едноставен, само го приготвуваме пудингот по упатството, додека се вари го додаваме чоколадото да се растопи и оставаме да се олади. Додека е уште млак го додаваме путерот да се растопи и покриваме со хартија за свежа храна за да не фати кора.
Откако ќе се испече кората, ја ставаме во влажна крпа и додека е уште топло формираме ролат, па оставаме кратко да се подизлади.
Премачкуваме со оладениот фил и го формираме ролатот. Јас го завиткав ролатот во фолија за свежа храна за да го задржи обликот пред премачкувањето.
Откако ќе олади, го растопуваме чоколадото на пареа, со путерот и млекото. Потоа со кујнска четкичка го премачкуваме ролатот со чоколадото убаво од сите страни неколку пати за подебел слој, бидејќи самиот пандишпан ќе впие дел од чоколадото.
Доколку издржите оставете да се стегне ролатот убаво.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови