Подготовка:

1. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
2. Во вангла ставете ги јајцата, маслото и павлаката и со жица убаво изматете ги. Не ви треба миксер.
3. Во течните состојки додајте ги сувите (брашното, шеќерот, пецивото, ванилата, какаото и мелените бадеми) и убаво измешајте додека се не се спои.
4. Калапот за куглов (не многу голем) премачкајте го со путер и наросете го од сите страни со какао. Вишокот какао истресете го. Ставете ја смесата во него.
5. Ставете го да се печи и намалете ја температурата на 180. Печете отприлика 40 минути, но сепак пред да го извадите проверете со чепкалка дали е испечен.
6. После печењето, оставете го во калапот десетина минути, па потоа превртете го.
7. За чоколадниот прелив потребно е да ја загреете слатката павлака, па во неа додајте го искршеното чоколадо. Кога ќе се растопи со лажица ставете го врз кугловот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови