Неодамна добив на подарок од Бугарија, многу интересен џем од рози. За нив е специфично дека се имаат од роза...од козметика, до храна, ликери... до најпознатиот парфем бугарска роза. Се мислев како да го искористам џемот, бидејќи ми беше доста јак на вкус за да го јадам посебно, па се сетив да го искомбинирам со чоколадно тесто. И така настана овој десерт.

Подготовка
1. Путерот се топи. Шеќерот се става во длабог сад и врз него се прелева путерот за да го растопи шеќерот. Во смесата се додава и чоколадото. Одкако ќе се растопат, се додава млекото и се меша се убаво.
2. Смесата од брашно, какао и пециво се просејуваат врз течниот дел и сето тоа заедно се меша.
3. Откако убаво ќе се соединат, се додава 1 јајце и убаво се меша, па потоа и другото.
4. Во калап за куглоф, премачкан со путер и брашно, се прелева смесата, убаво се распределува и се става да се пече, во загреана рерна на 180 степени, 45 мин.
5. Печениот колач се превртува во сад за послужување.
6. Се остава малце да се излади и се премачкува одозгора со џем од рози. Се остава џемот убаво да се упие во тестото и во меѓувреме и да се излади колачот.
*Можете да го преполовите на половина куглофот по ширина и на средина да премачката со џемот, да ги залепите двете половинки и повторно да добиете вкусен колач.
7. Ја подготвуваме глазурата, едноставно со топење на чоколадото и маслото во микробранова или на оган. Се прелева рамномерно врз колачот.

Бидејќи џемот од рози е доста специфичен за да се најде, можете да употребите билој кој друг џем по ваша желба. На пр. од малина, капина, јагода, кајсија и сл. Вкусот е по Ваш избор!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови