На црешите извадете им ги коските и набрашнете ги со 2-3 лажици брашно.
Јајцата убаво изматете ги со шеќерот и ванилата па ставете го јогуртот и маслото. Потоа додајте го брашното, пецивото и пудингот и убаво измешајте го.
Калапот за куглоф премачкајте го со маргарин, набрашнете го и турете ја половината од смесата. Наредете ги набрашнетите цреши (брашното е да не пропаѓаат) и врз нив турете ја и другата половина од смесата.
Печете на 180 степени, четириесетина минути. Ќе проверите со чепкалка дали е печено, а ако има потреба на половина време прекријте го со фолија да не изгори одозгора.
Украсете го по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови