Вкусноо... Се мачка на леб, палачинки или слободно земете ја лажичката и уживајте во овој здрав чоколаден крем.

Подготовка
1. Оризовото или бадемовото млеко заедно со стевиата го промешуваме во вода.
2. Урмите заедно со засладеното млеко, ванила екстрактот, какаото и авокадото ги соединуваме во Нутрибулет.
3. Бадемите ги потпекуваме, малку ги ладиме па ги мелеме на ситно во Нутрибулет или друг блендер.
4. Во кремастиот чоколаден дел ги ставаме мелените бадеми и соединуваме.

Забелешка
Ако сакате користете бадеми без лушпа, јас ги купувам сирови, па ги печам и мелам. Така поубав шмек имаат кога ќе се испечат.
За оваа доза искористив едно авокадо, ама бидејќи се со различна големина, мерката што е напишана во состојки се однесува на исчистено и излупено авокадо.
Ако ви се урмите свежи, во тој случај мелењето ќе оди побрзо. Ако се малку цврсти и суви во тој случај ставете ги во вода нека покиснат 1-2 часа.
Бидете трпеливи додека ги соединувате состојките. Престанете со блендирање, па со шпатула измешајте,симнете го кремот од ѕидовите на садот, па продолжете да блендирате до мазна структура. Така повеќе пати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани