Многу брз колач за во посни денови. Директно од тефтерот на баба ми, овој колач ги воодушевува сите кои што ќе го пробаат, било „постачи“ или „мрсачи“. Пробајте, се прави за помалку од половина час!
1. Ги мешаме шеќерот и водата во тенџере и оставаме да зовријат, но претходно во 100 мл. вода ги раствораме двата пудинга.
2. Откако водата ќе зоврие, го додаваме пудингот и брзо мешаме додека смесата не згусне.
3. Тргаме од оган, додаваме чоколадо и маргарин и брзо мешаме за да се истопат во пудингот.
4. Бисквитите ги редиме во калап бр. 26 обложен со стреч фолија.
5. Врз бисквитите премачкуваме мармалад по вкус (јас врз секој ред бисквити ставав по 2 лажици мармалад, но кој милува може и до 3 – 4).
6. Врз мармаладот премачкуваме од готовиот и се’ уште топол пудинг-крем.
7. Постапката ја повторуваме додека да ни се потрошат состојките, Во калапот кој јас го користев, наредив 3 реда бисквити.
8. Откако ќе завршите со редење и филување, колачот покријте го убаво со стреч фолија, па ставете го преку ноќ во фрижидер.
9. За убаво да омекнат бисквитите треба подолго време да стои на ладно.
10. Ако пак ви се брза и сакате по само 2 – 3 часа да го вкусите колачот, бисквитите натопувајте ги во 150 мл. варено какао при редењето.
11. По желба, во филот може да додадете околу 100 гр. мелени ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови