1. Ставете ја павлаката на оган да се затопли.
2. На страна разматете ги жолчките со шеќерот и малку од павлаката.
3. Потоа внимателно малку по малку, со постојано мешање додадете ја останатата затоплена павлака(да не биде многу жешка)
4. Ставете ја смесата со жолчките на оган и со постојано мешање варете малку да се згусне.
5. Двата вида на чоколадо исецкајте ги и додадете ги во топлата смеса. Мешајте да се растопи и оставете да се олади на собна температура. Повремено промешувајте за да не ви се фати кора по површината.
6. За тоа време подгответе ги вишните. Извадете им ги семките, посипете ги со шеќер, ликерот и оставете ги ½ час да одстојат. Потоа ставете ги на оган за да се растопи шеќерот. Не треба многу да се варат, треба вишните да останат цели. Додадете малку разматено нишесте, во зависност од тоа колку вода ќе ви пуштат вишните. Проварете уште кратко време за да се згуснат и оставете ги да се оладат.
7. Долгнавест калап обложете го со прозирна фолија и ставете неколку лажици од филот со чоколадо, потоа наредете од бисквитите, па фил, вишни, фил, бисквити...и се така додека имате состојки и додека да се наполни калапот.
8. Оставете го колачот преку ноќ во фрижидер за убаво да се поврзат состојките, и неколку часа пред да го извадите во замрзнувач за полесно да ви се сечат парчиња.
• Количината на шеќерот може да си ја корегирате според ваш вкус, а и во зависност од тоа колку ви се кисели вишните.
Уживајте во прекрасниот, чоколаден вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани