Сочен и вкусен безглутенски колач. Лесно до здраво хронерско заблажување.

Подготовка
1. Чоколадото и путерот ги топиме на најниска температура на рингла.
2. Жолчките ги двоиме од белките. Во жолчките ја ставаме стевиата и матиме со миксер до светло жолта боја.
3. Белките ги матиме со миксер додека да оцврстат, да се направат како снег.
4. Подизладената чоколадна смеса ја истураме во жолчките и ја соединуваме со шпатула или лажица.
5. Во оваа смеса ги ставаме белките и бадемите, изренданата кора и циметот.
6. Нежно соединуваме со шпатула за да смесата ни остане воздушеста.
7. Ја истураме во подмачкан и намрсен калап и ја печеме на температура од 150 степени 20-30 минути.

Забелешка
Топењето на чоколадото со путерот може да го направите во микровална, а и на пареа.
За да знаете дали ви е печен колачот пробајте со чепкалка, ако е сува печен е.
Чоколадото треба да ни е со висок процент на какао, хронерите тоа добро го знаат, затоа што тие користат чоколадо со 75% какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани