На интернет се наоѓаат повеќе варијанти на оваа торта, еве еден вкусен пример. =)

* Растопете го чоколадото за готвење со маслото. Изматете ги жолчките со шеќерот, додека да побелеат. Додадете го чоколадото, продолжете со матење, па брашното и на крај пенасто изматените белки. Печете 35 минути на 200 степени. Оставете го да се олади, да спадне, а потоа со помош на ноже израмнете ја неговата горна површина и превртете наопаку.

* 180 гр. од мешавината за *подлога* на чизкејк промешајте со 60 гр. стопен путер, па додајте ја претходно разматената слатка павлака (200 мл.). Стопете го темното чоколадото на пареа и убаво измиксирајте го со претходната смеса.

* Останатите 155 гр. од мешавината за *чизкејк* измиксирајте ја со млекото. На страна измиксирајте го остатокот од слатката павлака (300 мл.), па спојте ги смесите. Поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел ставете го чоколадото од лешници растопено на пареа, а во другиот дел белото чоколадо, исто така растопено на пареа.

* Нанесете ги смесите врз пандишпанот, почнувајќи од најтемната кон најсветлата. И оставете ја да отстои неколку часа во фрижидер. Уживајте во ова чоколадно задоволство.. =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови