Бисквитите ги мелиме, а исто и чоколадните колачиња.
Во сад го ставаме млекото и маргаринот и мешаме додека не се соедниат убаво. Пред самиот крај го додаваме и чоколадото, се убаво промешуваме и ги потураме бисквититие. Мешаме убаво и оставаме малку да се излади.
Смесата ја ставаме во соодветен сад.
Крем сирењето го биеме заедно со шеќерот во прав, го додаваме еурокремот и се убаво промешуваме.
Во друг сад ја биеме слатката павлака и го додаваме претходно топеното чоколадо и цела смеса ја додаваме во крем сирењето.
Мешаме со миксер и филот го нанесуваме врз подлогата.
За горниот фил го топиме чоколадото на пареа и ја додаваме павлаката.
Мешаме убаво и го нанесуваме врз филот,
Декорираме со рендано чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови