За подготовка на овој рецепт искористив дел од Божиќниот колач кој што го подготвував минатиот ноември. Колачот го правев по рецептот на ЛилиН, а го чував согласно инструкциите во рецептот, значи во ладна просторија (не во фрижидер) завиткан во хартија за печење, па во фолија и морам да кажам дека и после пет месеци чување е исклучитечно сочен, со прекрасна арома.
А таква арома има и овој чизкејк... портокали, кандирано овошје, бадеми, сушено овошје, божиќни зачини...значи нешто прекрасно е.

1. Путерот се растопува на оган, се додава шеќерот, се меша да се растопи и се додава кон иситнетите чајни колачиња.
2. Смесата се втиснува во калап со димензии 20 см. и се става во фрижидер за да се стврдне основата.
3. Киселата павлака се меша со кафеавиот шеќерот и се остава на страна за шеќер да се растопи.
4. На страна се мати слатката павлака и се соединува со крем сирењето и киселата павлака.
5. Божиќниот колач се сецка/троши на ситни парчиња и се меша со бренди и со кората од портокал.
6. Желатинот се растопува согласно инструкциите на кесичката и со матење се додава кон кремот од павлака и крем сирење.
7. На крај се вмешуваат парчињата божиќен колач и се промешува со лажица.
8. Смесата се става врз подлогата од чајни колачиња и калапот се става во фрижидер за убаво да се стегне.
9. За да ви се сечат поубави парчиња, еден до два часа пред да го послужите ставете го во замрзнувач. Украсете го со парчиња портокал.
10. Уживајте во преубавиот, ароматичен вкус!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани