Бисквит
Искршете ги амаретите и измешајте ги со растопениот и оладен путер.
Распоредете ја смесата во округол калап(20цм).
Најдобро е да користите калап со обрач или силиконски калап како во мојот случај.
Оставете во фрижидер да се стегне.

Крема
Измешајте ги рикотата, јогуртот и шеќерот во прав.
Загрејте 40мл. од слатката павлака и во неа додајте го желатинот претходно омекнат во ладна вода(10минути).
Откако желатинот ќе се растопи додајте го во смесата од рикота, јогурт и шеќер во прав.
Измешајте убаво.
Изматете ја преостанатата слатка павлака (140мл) и додајте ја во претходно измешаната смеса.

Додајте ги и мелените амарети и чоколадото исецкано на тенки листови.
Измешајте во правец одоздола нагоре.

Кремата нанесете ја врз бисквитот и оставете во фрижидер неколку часа за да се стегне убаво.

Ганаш
Во сад на пареа ставете го чоколадото и слатката павлака.
Откако ќе се растопат ако ви изгледа многу густо додајте уште малку слатка павлака.
Јас првично ставив 40мл, но ми беше многу густо па си додадов од око уште малку слатка павлака.

Ганаштот исипете го врз кремата и украсете со цели амарети.

Ставете го чизкејкот во фрижидер да се стегне малку ганашот, а потоа слободно засладете се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани