Во подлабок сад бананите се пасираат со вилушка.
Потоа во нив се додава урдата, јајцата, сувото грозје, гризот и шеќерот.
Сето заедно се промешува и се става во претходно намрсен со маргарин плех.
Се рамни убаво по целата површина на плехот.
Врз него се додава павлаката и се става да се пече во рерна загреана на 180 степени 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови