Лесен десерт, кој може да биде и убав појадок.

Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат со жица за матење. Наместо мед може да се употреби и друг засладувач. Се додава и чиа семето, па се става во мали теглички или во чаши, да стои во фрижидер најмалку 4 часа, а може и преку ноќ.
Кога пудингот е готов, ставете одозгора парчиња праски, и уживајте!

Забелешка - по желба може да декорирате и со шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови