Прво во 100 мл вода ги ставаме чиа семките да одстојат 15 минути.
Потоа краставицата ја лупиме, ја ставаме во чаша на нутрибулет, ги додаваме ливчињата нане и босилек, чиа семките заедно со течноста, сокот од лимон.
Миксаме до изедначување.
По желба додаваме светол мед.
Налеваме вода уште околу 500мл и сервираме во 2 чаши
Декорираме со ливчиња босилек, кругчиња краставица и лимон.
Многу освежително и вкусно.
Пробајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани