Леб кој има крцкава кора, а средината му е со големи шуплини ...
За стартер
- Млекото и водата се ставаат да се затоплат. Во друг сад се става брашното и медот.
Во топлата вода со млеко се става квасецот да се растопи и потоа се додава во брашното и се промешува убаво.
Се покрива со најлонска фолија и се остава 12 часа на собна температура.
По 12 часа стартерот има многу меурчиња.

Започнуваме со подготовка на тестото
- Во длабок сад се става брашното, квасецот, маслиновото масло и солта. Потоа се додава стартерот и се меси со рака.
Се добива многу меко тесто кое повторно го покриваме и го оставаме уште 3 часа да нарасне.
На набрашнета маса (повеке брашно), се става стасаното тесто и се дели на два дела.
Од двата дела се прават два леба со должина од 30 см и се ставаат во плех обложен со хартија за печење.
Лебот се остава да одмара 30 минути, се става да се пече на 220 степени 20 минути, а потоа се гаси рерната и се остава уште 5 минути.
Овој леб има крцкава кора, а доколку сакате да биде мека откога е печен попрскајте го лебот со малку вода и завтикајте го во кесе, па во крпа.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови