Булгурот сварете го петнаесетина минути во посолена вода. Иседете го.
Магдоносот, кромитчето, лукчето и руколата ситно исечкајте ги.
На доматот извадете му го семето и исечкајте го на мали коцки.
Измешајте ги сите состојки, ставете го сокот од лимонот, маслиново масло, посолете по вкус. Оставете ја салатата во фрижидер половина час да се спојат состојките.
Од филето чаден лосос со метален ринг исечете по три парчиња за секој дел.
Во металниот ринг најдолу ставете парче лосос, па до половина наполнете го со салата, пак парче лосос, салата и одозгора завршете со риба.Со лажицата малку притиснете да се сврзат состојките. Нека постои во фрижидер.
Извадете го рингот, малку украсете одозгора и салатата е готова.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани