Нема благо по дома?
Вклучувате рерна, мешате состојки, печете и јадете. Ете таков е колачов.

Подготовка
1. Ја загреваме рерната на 170 степени.
2. Ги промешуваме сувите состојки во еден сад, брашното, шеќерот, сечканото чоколадо, содата, солта и какаото.
3. Ги додаваме течните состојки, маслото, оцетот, сокот и водата. Ја соединуваме со лажица целата смеса.
4. Рендаме кора од портокал и ја додаваме. Промешуваме.
5. Целата смеса ја распоредуваме во тавче кое сме го намрсиле и набрашниле.
6. Го печеме во загреана рерна, пробуваме со чепкалка дали е печен.

Забелешка
Чашата е од 250 мл.
Печен е во тава со димензии 35х25.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани