Рецептот е на Линда од Хрватска.
Воодушевена сум од нејзината прецизност во подготовката на нејзините паметни колачи, во милион верзии, нејзините коцки, штангли....
Црнава ружа долго време ја меркав, па еве сега со зададената тема, си го најде местото во мојата кујна.
Прекрасна е на вкус и изглед.
Само малку скратив од шеќерот, од оргиналниот рецепт, и кај неа вели 150 гр брашно за филот, а јас ставив така како што напишав.
И да не се лажеме дека колачот се подготвува за 15 минути.Не. Бара трпение и внимание за крајниот исход да биде празник за очи и непце.

Начин на подготовака.
Во една вангличка се ставаат прво сите суви состојки, за тестото, па се додава јајцето, омекнатиот путер и млекото.
Се замесува мазно тесто и се остава да одмори 10 минути.
Потоа го делиме на 6 еднакви дела.
Секој дел го расукуваме во правоаголна кора.
Најдобро е да се користи малата ростер тава на Делимано.(25-35цм)
Сега две правоаголни кори се мерат одприлика, колку големината каде ќе ја ставаме ружата и се печат на опачината на плехот на не многу јак оган околу 15 минути.
Печени ги оставаме да се изладат.
Сега го подготвуваме афион кремот.
Млекото го ставаме да зоврие па го тргаме од оган.
Го додаваме и путерот малку да се растопи.
Потоа во сад ги соединуваме афионот, шеќерот, млекото, путерот, пецивото, гризот, зачините и соединуваме со миксер.
Веднаш оваа смеса ја распоредуваме на 4 правоаголни кори и виткаме ролатчиња.
Ги редиме малку раздалечени во ростер тавата и ги печиме околу 20 минути.
печени ги оставаме да се изладат.
На оган во касерола ги ставаме шеќерот, пудинзите и млекото и вариме на класичен начин, до згуснување.
Додека е топло го додаваме путерот и енергично мешаме за да се истопи и изедначи кремот.
Сега на дното на ростер тавата ставаме една од правоаголните испечени кори.
Можеби ќе ви се чини тврда, но од филот ќе стане мека и прекрасна.
Го истураме половина сварен жолт крем.
Израмнуваме.
Еден до друг ги редиме ролатите.
Покриваме со остатокот од жолт фил, израмнуваме и покриваме со испечената кора.
Оставаме да се стегни колачот барем 2 часа.
Внимателно сечеме убави парчиња и уживаме во убавинава.
Јас правев половина доза од оваа и ја подготвив во најмалата ростер тава, кои многумина ја имаме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани