Подготовка
- Квасецот растворете го во 2-3 лажици млака вода во која ќе го додадете и шеќерот. Оставете нека се запени.
- На брашното додадете му ја солта, маслото, веќе запенетиот квасец, топлата вода во која ќе го растворите активниот јаглен и замесете тестото кое е меко. Оставете да стаса удвојувајки го обемот (околу 30 мин).
- Стасаното тесто поделете на два дела, истенчете го, ставете во тава или ако сакате една голема фамилијарна пица истенчете го целото тесто.
- Ставете фил кој вие го сакате. Јас ставив сос од домати, две врсти на кашкавал, сувомеснато, пршута, шери доматчињата, рукола....
- Печете на 250 степени во претходно загреана рерна 10 мин.
НАПОМЕНА
- Ова тесто за мене е најмекото и најубавото тесто за пица, ако го изоставите активнитот јаглен ќе имате пица како што ја сакате и верувам дека ќе се одомакини ова тесто во вашата кујна.

И така ... за мојот јубилеен рецепт се одлучив токму за овој рецепт. Јас го имам готовото брашното кое го добив од мојат сестра, го купила во специјализирана продавница за брашно, (Сестро драга-благодарана сум ти) Ми беше интересно, не знаев што тоа го прави така црно, месев и леб кој на вкус не се разликува од останатите лебови кои ги месам, но бојата ме фасцинира. Барав да ме запознае чичко Гогле и да ме просветли да видам од што е тоа брашно кое јас во превод од името кое го носи добивав буквално вака “ Ноќно брашно“ , “Брашно на пекарите“ и ништо друго. Откако се запознав со рецептот за црниот сладолед кој беше хит- додаден јаглен од кокосова кора, веќе знаев дека јас имам готово брашно измешано со растителен јаглен. Значи целата филозофија е околу јагленот. Активниот јаглен не е штетен за здравјето доколку во исхраната се користи во помал износ, бидејки знаеме дека тој е и лек - против труење, детоксикација на организмот и т.н. Значи - Еурека- знам веќе какво брашно имам дома.
Ова мое искуство сакав да го поделам со вас и така да го обележам јубилејот мој, да ви се заблагодарам на дружењето и трпението, но и да продолжиме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани