Измиениот ориз го ставаме да се вари, убаво да биде сварен.
Свежото цвекло го миеме, лупиме и го рендаме на крупно ренде.
Во еден сад ги соединуваме исцедениот сварен ориз, цвеклото, јајцето, брашното, пецивото, сецканото младо кромидче.
Додаваме зачини, промешуваме и оставаме смесата да одстои 15 минути во фрижидер.
Потоа со помош на лажица земаме од смесата, ставаме во загреана тава во која има малку масло и пржиме на умерен оган.
Исто и од другата страна ги пржиме на умерен оган.
Испржени ги редиме на хартиени салфети, па ги сервираме со кисела павлака, сирење......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани