- Во топла вода ставете го квасецот, шеќерот и маслото, растворете и оставете околу 5-6 минути да се запени.
- Јајцето лесно разматете го.
- Во садот во кој ќе месите ставете брашното, додадете солта, разматеното јајце и веќе запенетиот квасец. Измесете убаво меко брашно кое не се лепи на рацете. Оставете околу половина час да стаса.
- Додека тестото стасува, продолжете со припремата така што шеќерот и циметот измешајте ги во сад и оставете настрана.
- Стопете го одделно путерот, оставете настрана, значи на две места по 50 гр.
- Изрендајте ги јаболката, оревите насецкајте ги.
- Извадете го веќе стасаното тесто на работната површина која лесно ќе ја побрашните или намрснете. Растегнете правоаголна кора во дебелина од околу 5-6 мм. Премачкајте ја со веќе оладениот путер. Посипете го измешаниот шеќер. Врз него ставете ја ренданата јаболка, а врз јаболката сецканите ореви. Замотајте во ролат, исечете на 15 парчиња во ширина од околу 6 см.
Секое парче премачкајте го со другиот дел од путерот и редете во добро подмачкана тавка во големина од 33 х 22 см. и тоа во три реда по 5 парчиња. Покријте и оставете повторно да стаса околу половина час.
- Ставете да се пече во веќе загреана рерна на 200 степени околу 20-25 мин.
Додека се пече, спремете го преливот така што во сад ќе измешате сите состојки.
- Печени ролнички откако ќе ги извадите од рерната, веднаш премачкајте со спремената смеса за залевање. Црпете со лажица и ставајте одозгора врз ролните, иако е згусната смесата таа лесно се топли и впива во ролните)
Рецептот е на Зорица Павловиќ - Поморавка - со право напишала дека се највкусните Цимет ролни со јаболка. Се сложувам со неа и сум и благодарна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани