За рецептот за домашен ванила екстракт другарка ми Ана ми рече: 
- Зошто ме спомнуваш јавно?
За да те спомнам пак со твој рецепт :)))

Сите состојки за тестотото замесете ги убаво.
Рассукајте правоаголна кора, премачкајте ја со путерот и посипете со шеќер и цимет.
Мислам дека додадов повеќе шеќер и цимет од колку рецептот. Гледав целата кора да е убаво покриена.
Замотајте ролат и од ролатот сечете парчиња. Јaс ги сечев со дебелина од околу еден см, но треба да се подебели. Наредете ги во тавче за печење, тогаш вклучете ја рерната за да има време да нарасне тестото и печете на 200 степени, 20 мин.

Сите состојки за ајсингот ставете ги во сад на оган и варете додека не се згусне.
Со готовиот ајсинг прелејте ги цимет ролничките и уживајте :)

И така, АНА АНА АНА АНА ... па да видам сега што ќе ми каже другарка ми што ми дава преубави рецепти :))))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани