Ароматичен и вкусен колач, идеален за изненадни гости. Се прави брзо и лесно.
1. Во вангла ги мешаме сите суви состојки – шеќер, цимет, брашно, пециво.
2. Внатре ги додаваме претходно стопените и споени млеко и путер. Треба да се додадат топли.
3. Мешаме да ни се изедначи малку смесата.
4. Потоа ги додаваме јајцата и вклучуваме миксер за да ја изматиме добро смесата.
5. На крај го додаваме изрендано чоколадото.
6. Брзо мешаме со лажица за да се истопи низ смесата и истата да потемне од чоколадото.
7. Во намрсено тавче за печење бр. 26 ја истураме готовата смеса за колачот.
8. Печеме во загреана рерна на 180 степени, 15 – 20 минути (или додека колачот убаво да порумени и да се оддели од тавата).
9. Откако ќе се излади се сече и по желба се посипува со малку шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови