Доматите подготвени на овој начин мене лично ми се повкусни од купечките.
Се одбираат не многу големи, здрави домати од сортата која ја викаме „индустриска“.
Подгответе ги теглите.
Доматите измијте ги и попарете ги со врела вода. Нека постојат неколку минути.
Истурете ја водата и турете им ладна вода.
Потоа многу лесно ќе ги излупите, лушпата сама паѓа.
Во секоја тегла ставете од доматите, малку стегнете ги, да собере што повеќе.
Секоја тегла со домати наполнете ја со вода. Потоа водата истурете ја во некое тенџерче и за секоја тегла ставете од потребната количина сол, шеќер и салца. Зачинете по вкус, оригано, сув босилек, бибер, што сакате. Убаво измешајте и со смесата наполнете ги теглите.
Наредете ги теглите во тенџере и ставете ги на оган, да варат отприлика дваесетина минути.
Кога ќе се изладат ставете ги кај останатата зимница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани