Превкусна богата пита која брзо се подготвува.
Се матат жолчките со зејтинот и малку сол додека се изедначи масата. Се додава јогуртот и брашното измешано со пецивото. Се додаваат печурките убаво исцедени, месото и издробеното сирење. Се додава и сончогледот убаво се меша. Се сипе во плех бр 40 и се пече околу 30 минути на 200степени.
Место жолчки може да се додадат 3 цели јајца.
Одкако ќе се испече питата се вади од рерна се премачкува со маргарин и се враќа во исклучена рерна 5 минути. Се служи топла, а бидејки има богат состав и ладна е подеднакво вкусна

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани