Подготовка
1. За да го подготвите хумусот најпрво е потребно да го сварите гравчето и тоа на начин како што тоа вообичаено го правите. Потребни ви се зрната грав процедени од водата и малку од водата во која се варел гравот.
2. Сите состојки се ставаат во блендер/рачен пасатор и се блендира додека не ја добиете посакуваната структура и густина. Водата додавајте ја постепено во зависност од тоа колку сакате да ви биде густ хумусот.
3. Модриот патлиџан и тиквичката исечете ги на тенки кругчиња. Премачкајте ги со маслиново масло, посипете сол и бибер и испржете ги на грил.
4. За преливот, истолчете/испасирајте ги листовите нане со сол, масло, лук, а потоа додадете го оцетот и меласата од калинка.
5. Павлаката разблажете ја со малку вода, за да може да се посипува.
6. Во садот во кој ќе послужувате најпрво ставете го хумусот, врз него наредете ги кругчињата модар патлиџани и тиквичка. Посипете со маслиново масло, разблажена павлака и прелив од нане.
7. Украсете до ливчиња нане и семки од калинка.
8. Послужете со брускети, багет или лепче по ваш вкус

• Меласата/сируп од калинка е традиционален продукт кој се користи во подготовката на храна во блискоисточната кујна. Кај нас може да го најдете во подобро снабдените маркети или едноставно да си го направите сами според некој од предлозитеод интернет. Се добива со редуцирање на смеса од сок од калинка, шеќер и лимонов сок.
• Му дава убав шмек на преливот и целото мезе, меѓутоа доколку не успеете да го најдете може и слободно да го изоставите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани