- Изблендирајте го варениот наут од конзерва или пак сами го сварете накиснувајки го одвечер, а наредниот ден варете. Додадете ги сите останати состојки и продолжете да блендирате. При повторното блендирање додавајте од водата се додека не добие хумусот густина која вие ја сакате.
Соберете во сад со капак или тегла, залијте го со маслиново масло, околу 1 лажица и чувајте во фрижидер.
Кај нас ова не преноќува, веднаш се јаде. Не ги зголемувам состојките за да не морам да го чувам, туку да се потроши веднаш, па затоа и не знам да кажам колку време би опстојал во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани