Овие вкусни соленки еднаш ако ги направите, потоа често ќе се најдат на вашата трпеза за појадок. Лесни се и вкусни...

1. Од брашна користев 150 гр ржано, 100 гр спелтино и 50 гр јачменово. Соодносот на брашната е многу важен.
Може да ги подготвите и само со интегрално пченично брашно.
2. Сувите состојки се мешаат и се додава урдата и на коцки сецканиот путер. Сето тоа убаво се меси, само не предолго, бидејќи ако ви се стопли тестото, путерот ќе бара повеќе брашно и ќе станат тврди.
3. Се развлекува кора, со дебелина по желба, но подобро е ако се малце подебели и се сечат кругови, со помош на модла или чаша.
4. Се редат во тава за печење и одозгора се поминуваат со тенок слој на вода и се наросуваат со сусам и ким.
5. Се печат на 220 степени, околу 15 мин, додека да заруменат.

-Бидејќи тестото е од интегрални брашна, потешко се воочува кога се печени, затоа подигнете и видете од долната страна дали се запечени.

*Зависно кој брашна сте ги користеле, можеби ќе се случи потреба да напрскате малце вода низ месењето. Пр. во составот кој јас го користев, ставив уште 30 мл вода. Кога потоа пробав само со интегрално пченично, немаше потреба од вода, убаво се замеси и се врза тестото.
-Освен од брашното зависи и од урдата. Ако користите домашна урда, таа е повлажна и поубаво се врзува, но индустирските се многу суви и повторно може заради оваа причина да треба да додадете вода во тестото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови