1. На загреано масло во сад на оган со средна јачина се ставаат исечкани месото и кормидот, се мешаат и се посолуваат.
2. Се оставаат убаво да се испржат со промешувања додека месото не побели, а кромидот треба да се застакли.
3. Потоа се додаваат саканите зачини, се промешува па се додаваат сенфот и пирето.
4. Откако убаво ќе измешаме се што сме додале, ја намалуваме ринглата на најмала јачина и оставаме ручечето да ни се крчка уште 5 – 10 минути.
5. Јас го комбинирав со салата од цвекло и краставица, а нареден пат ќе пробам со пире од карфиол.
Превкусно е! Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови