1. Прво се мешаат сите суви состојки, освен содата.
2. Потоа се додаваат течните состојки, освен лимоновиот сок и се мати се со миксер.
3. Изедначената смеса се покрива со најлон, па се остава да ферментира 3 – 6 часа, а може и преку ноќ.
4. Потоа се додаваат лимоновиот сок и содата, па пак промешуваме.
5. Во соодветен сад за печење, ставете пек хартија па потоа ставете ја смесата за леб.
6. Се пече во загреана рерна, по правило 1 час под фолија и уште 10 минути без фолија.
7. Јас го печев 40 минути под фолија и уште 15 без.
8. Печете во зависност од вашата рерна, секако под надзор и повремено боцкајте со чепкалка – ако излезе сува лебот е печен.
9. Потоа завиткајте го во крпа и оставете да отстои завиткан 8 часа.

Рецептов го најдов на интернет, со поинакви состојки, но бидејќи сум љубител на експерименти во кујна, решив да пробам да си направам пециво со мелено просо. Многу е вкусен, одличен е, топло го препорачувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови