Чашата е од 200 мл., а лебов е феноменален, вкусен, мек, не се распаѓа додека се сече и конечно можам да речам дека е моја комбинација за вкусно пециво за појадок!
Пробајте го, топло го препорачувам!
1. Брашната се мешаат во длабок сад. Се додаваат семињата.
2. Солта се меша со истопениот путер и заедно се додаваат во брашната.
3. Водата се додава мешајќи (не мора да е млака), треба да се добие влажна, речиси течна смеса, па според впивливоста на брашното додадете вода. Го имам правено и со 1 чаша газирана, а 1,5 чаша обична вода и така е добар.
4. Целокупната смеса убаво се мати со миксер, со маталките за тесто и кога ќе се хомогенизира смесата, садот се покрива со крпа и се остава да отстои на собна температура 6 – 7 часа.
5. Потоа се промешува, се додаваат пецивото и содата, па пак добро се промешува.
6. На крајот се додава лимоновиот сок.
7. Се меша добро, добро со лажица, па смесата за леб се истура во намастена со путер или обложена со хартија тава за печење.
8. Се пече во загреана рерна на 180 – 200 степени (во зависност од јачината на рерната) околу 1 час до 1,5. Се боцнува со чепкалка за да се провери – ако извадите сува чепкалка лебот е печен.
9. Се остава неколку часа да се излади покриен со крпа. На здравје!
*Совет - хељдиното брашно воопшто не ми се допадна кога првпат го правев лебов, па секој нареден пат го заменувам со ржано интегрално брашно. Пробајте на двата начина, но сепак со ржано брашно крајниот резултат е подобар.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови