Брашната се ставаат во сад за месење, пецивото и содата се просејуваат низ цедалка за да нема грутчиња, се додаваат солта и псилиумот и се убаво се меша со жица за матење.
Потоа се става врелата вода и маслиновото масло. Се убаво се замесува прво со лажица бидејќи многу жешко е тестото, а потоа со рака. На крај се додава лимоновиот сок, се меси уште еднаш убаво и ќе забележите дека тестото малку обелува.
Се формира векна, јас ја ставив во силиконска модла, вие во сад како што си печете вообичаено, се мокри горната површина и се ставаат семките. Со нож се прават длабоки дупчиња до дното на садот.
Се пече во претходно загреана рерна на 230 степени (мојата е послаба, значи внимавајте си цело време) 20 минути, а потоа се намалува температурата на 200 степени, се покрива со хартија за печење и се пече така уште 40 минути. По исклучување на рерната го оставив лебот внатре да стои уште 20 минути. Потоа го извадив и го завиткав во крпа да се олади сосема.

Хељдинто брашно е специфично и тешко за работа според мене, не знам дали би го препорачала лебот за ептен почетници, бидејќи има шанси да ви излезе од него некоја влажна топка.
Јас кога го сечев, не оставаше влажни и лепливи траги на ножот и затоа го сметам за успешен, а и вкусен. Доста е густ и се најадов од само две парчиња.

Чашата е од 250 мл и се полни со состојките до горе.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани