Прекрасниот лахмаџун подготвен по хроно принципи е вистинско уживање за утринскиот појадок и добар старт на денот.

1. Прво се подготвува филот - се сецка кромидот, се меша со меленото месо и зачините, како и доматната салца и се остава во фрижидер да стои 2-3 часа.
2. Се замесува тесто од наведените состојки. Се остава да одмори половина час.
3. Тестото се расукува во форма по желба. Јас го направив правоаголно.
4. Врз него се нанесува филот рамномерно.
5. Се пече веднаш, во загреана рерна на 230 степени, околу 20тина мин.
Готово е печењето, кога месото ќе почне да се двои од кората.
6. Лахмаџунот се послужува со свежа сецкана марула, прелеана со лимонов сок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови