Еве една идеја за вкусен хроно појадок, комбиниран со ајвар, хумус или едноставно пржено јајце или варени јајца со малку маслиново масло.
А за оние кои не се на хроно исхрана, овие лепчиња би можеле да бидат одличен (и здрав) избор за храна за носење – на работа, на училиште, факултет итн.
Лепчињата се превкусни, 1 е доволно да засити, а од оваа доза излегуваат 7.
1. Измешајте ги брашната со просото, солта, содата и семињата.
2. Додадете ја водата и измешајте го тестото со лажица, да дојде еднолично и густо.
3. После ова, ако го спремате навечер, слободно покријте го со стреч фолија и оставете го во фрижидер до утрото.
4. Во спортивно, наредно за спремање е меленото месо.
5. На загреано масло ставете го да се пржи кромидот кој претходно сте го исечкале ситно.
6. Кога малку ќе се запржи, додадете го меленото месо со зачините и убаво испржете го, додека добро да порумени, 10 до 15 минути.
7. Потоа оставете го малку да се излади. Ако тестото го оставате од вечерта за утрото истото може да се направи и со меленото месо, ако немате време да го пржите утрото, инаку е препорачливо топло да се стави во тестото (не прежешко).
8. Меленото месо се додава во готовото тесто, се меша убаво, со лажица.
9. Откако се ќе се соедини, со намаслени раце вадиме од тестото (7 дела), ги расплескуваме и ги пржиме на средна температура, во малку загреано масло од двете страни по 3 – 5 минути, додека убаво да поруменат. Се вадат на хартија за да ја впијат маснотијата.
10. Готовите лепчиња се послужуваат топли со ајвар, хумус или кисело млеко.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови