1. Испечената, излупена и од семето исчистена пиперка и исецканата лута пиперка заедно со семето - изблендирајте ги да добиете смеса како пире.
2. Во добиената смеса додадете го низ преса стиснатиот лук, мелениот коријандер, кимот и маслиновото масло. Измешајте
3. Соберете во тегличка или помала флаша - затворете и чувајте во фрижидер.
Ова е оригинал рецепт заедно со постапката, но јас во блендерот ги ставив сите состојки одеднаш и изблендирав. Резултатот е ист.
Овој Харисса мус е зачин/додаток кон јадењето на кој што треба да внимавате при додавањето бидејки е лут и солен. Фактички солта го чува од расипување. Затоа може и да стои во фрижидер повеќе време. Се користи во Туниската кујна, а јас ставам секаде каде што ќе оценам дека ми треба лутко и токму ваков зачин... а за во Шакшуката е како создаден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани